Во Струмица е изграден првиот објект што троши 15 киловати/час на квадратен метар, односно заштедува дури 90 отсто од енергијата. Компанијата "Експро" од Струмица својата одлука за изградба на овој тип објект ја донела врз база на пресметки, кои покажувале дека со заштедата од енергијата најбрзо ќе ги врати вложените средства во изградбата. Од економската анализа за оправданоста на инвестицијата за нашиот објект која ја направивме, добивме дека вложените средства се враќаат за помалку од пет години. Според него, за да се постигне посакуваниот ефект, објектот е целосно затворен и преграден со кнауфовите системи за сува градба, како и најсовремените системи на пасивно разладување и загревање на Рехау.
Во Струмица е изграден првиот објект што троши 15 киловати/час на квадратен метар, односно заштедува дури 90 отсто од енергијата.
Компанијата "Експро" од Струмица својата одлука за изградба на овој тип објект ја донела врз база на пресметки, кои покажувале дека со заштедата од енергијата најбрзо ќе ги врати вложените средства во изградбата.
- Од економската анализа за оправданоста на инвестицијата за нашиот објект која ја направивме, добивме дека вложените средства се враќаат за помалку од пет години - рече Славчо Ѓоргиев, сопственикот на "Експро" од Струмица.
Според него, за да се постигне посакуваниот ефект, објектот е целосно затворен и преграден со кнауфовите системи за сува градба, како и најсовремените системи на пасивно разладување и загревање на Рехау. Со ова започнува нова насока за проектирање и изведба на објекти низ Македонија. Објектот е проектиран и изграден по високите технички барања и стандарди за енергетска ефикасност, почнувајќи од формата на објектот, ориентацијата, термичката заштита на обвивката, количината на отвори и други стаклени делови да обезбедат минимални загуби на енергија. Со оглед на многу малата потрошена енергија за одржување овие објекти имаат најмала можна емисија на штетни гасови.